За олеснување на фирмите при издавање на сините картони за нивните вработени, од денес повеќе нема да бидат потребни копии од декларации за исплатена плата (МПИН) од УЈП, услугата ќе може да се добие само со идентификување на овластеното лице од фирмата.
Новина е и тоа што работодавците не ќе можат повеќе да ги чуваат неподнесени барањата за надомест на плата за боледувањата подолг временски период, а со тоа и директно да му ги ускратуваат правата на осигуреникот. Во иднина, осигуреникот може сам да поднесе барања до ФЗОМ за паричен надомест при привремена спреченост за работа, а како резултат на намалената документација, односно фактот што ФЗОМ ќе ги обезбеди сите потребни податоци во негово име.
Претходно ФЗОМ веќе воведе неколку видови мерки во корист на остварувањата на правата на осигурениците.