Учениците од охридското Основно музичко училиште „Методи Патче“ продолжуваат да нижат успеси, освојувајќи високи награди на одржаните натпревари.
На 50-тиот Државен натпревар за ученици и студенти по музика, кој минатата недела се одржа во Охрид и Битола, младите флејтистки од Охрид освоија една прва и две трети награди.
Во натпреварот за флејтисти, Кристина Љушкоска ја освои првата награда, додека Ангела Маџар и Анастасија Кипаризоска ги освоија третите награди. Тие се ученички во класата на проф. Невена Танеска и пијано придружба на М-р проф. Ирена Веруш.












