Нови наслови за љубителите на пишаниот збор во охридската библиотека „Григор Прличев“.

Членовите на библиотеката во иднина ќе можат да ги изнајмат и книгите: „Утро во Франкфурт” од Мирјана Стојановска, „Ромска душа” од Јасна Софија Косановиќ, „Да се биде прв”–Садије Алити, „Средновековен збороплет” од Шабан Синани, „Четирите реки на Мишима”–Огнен Коцевски, „Мост”–Борис Апостолов, „Чекори накај боговите”–Никола Кочовски, „Барем наутро”-Виолета Бојковска, „Насмевката на Мона Лиза”–Олдос Хаксли, „Лавиринт”–Влада Урошевиќ, „Театарски сложувалки”од Лилјана Мазова и „Кафез за душата” од Јован Дамјановски.

OhridNews