Охридската библиотека, „Григор Прличев“ продолжува со збогатување на книжниот фонд. По втор пат овој месец во библиотеката пристигнаа нови наслови кои ќе го привлечат вниманието на љубителите на пишаниот збор.

Од сега ќе можат да се изнајмат и следните наслови: “Кругот на животот” од Јован Илиески, “Наноси на времето” од Никола Кочовски, “Градот на Јужното Море” од авторот  Зоран Пејковски, “Нешто напишано”–Емануеле Треви, “Грималда”–Еди Матиќ, “Птици”–Ристо Лазаров, “Солитерот Титаник”–Алмир Алиќ, “Амбасади”–Луан Старова, “Просјакот Лука”–Аугуст Шеноа, “Воденицата на Јанко”–Петре Г Воцис, “Трите смртни пресуди на Павел Шатев”–Добре Тодоровски, “Житија на светиите–Април”, “Житија на светиите–Мај”, “Житија на светиите–Јуни”.

OhridNews