Од НУ Библиотека „Григор Прличев“ информираат дека пристигнати се нови наслови со кои ќе се збогати книжниот фонд на установата.

Љубителите на пишаниот збор во иднина ќе може да ги позајмат и следните книги: “Куќа на убавината” од Мелба Ескобар, “Девојката што пишуваше на свила” од Кели Естиз, “Коњ влегува во бар”–Дејвид Гросман, “Швајцарија на Балканите” од Драги Михајловски, “Се викам Дамјан” од Сузана Тратник, “Морковче”–Жил Ренар, “Океан од слики” – Томислав Османли, “Бесмртната Теодора” – Бел Хајнрих, “Ѕидот белутрак” од Велко Неделковски, “Новогодишни детски песни”–Марина Мијаковска, “Златко Златец” од Велко Неделковски, “И да и не”од Васил Мукаетов.