На делот од улицата Јане Сандански, каде веќе неколку месеци се изведуваат градежни работи, можат да се забележат бројни оштетувања на тротоарот и коловозот.

Улицата на повеќе места има пукнатини за кои неодамна од Одделението за комунален развој и патишта изјавија дека тие датирале уште од времето кога се менувала атмосферската канализација. Спротивно на ова, дел од таксистите чија постојка се наоѓа токму на овој дел од улицата тврдат дека оштетувањата се направени по започнувањето на градежните зафати кои се во тек. Со оваа констатација се согласуваат и жителите од околните куќи и згради.

Од неодамна се забележуваат и вдлабнатини и оштетувања и на самиот тротоар.

Од страна на надлежните во Локалната самоуправа, на почетокот на месец декември,  беше извршено затворање на едната коловозна лента поради безбедносни причини. По завршување на вториот потпорен ѕид од страна на изведувачот на градежните работи, со објаснување дека сега движењето по улицата е безбедно, повторно беше вратен стариот режим на сообраќај. 


Дали ваквите оштетувања по завршувањето на градежните работи ќе се санираат и кој тоа ќе го направи останува времето да покаже. 

OhridNews