
„Очекуваните ефекти се стапување во здравствено осигурување на приближно 10.000 лица. Еднаквост на иселениците на Р.Македонија во делот на плаќањето на придонесот за задолжително здравствено осигурување кој ќе биде унифициран за сите иселеници и нема да биде во зависност од висината на пензијата и еднаков третман на иселениците на Р.Македонија со осигурениците кои живеат на територијата на Р.Македонија“, информираат од ФЗОМ.
Иселениците кои оствариле право на пензија во странска држава, а кои имаат Македонско државјанство при привремен или траен престој во Р.Македонија, досега плаќаа здравствен придонес со највисока стапка, односно 13% од бруто пензијата која ја добиваат во странската држава. Поради високите пензии од странство и тоа во Австралија, Нов Зеланд, Америка и Канада и други земји, иселениците не сакаат да стапат во здравствено осигурување и плаќаат приватно здравствени услуги во здравствените установи во Р.Македонија.
Законската измена би требало да стапи на сила по 01.10.2014 година согласно акцискиот план прифатен од Владата.
OhridNews












