Екипите на Лидс и Олдам кои во четвртата рунда од ФА купот ги приредија најголемите изненадувања одново добија противници од елитата.

Противник на Лидс во петтата рунда е првакот во Премиер лигата, Манчестер Сити додека Олдам ќе се сретне со Евертон.

Единствен пар во кој ќе се сретнат две екипи од Премиер лигата е Манчестер Јунајтед – Ридинг. Натпреварите од ФА купот се играат на 16/17 февруар.

Двојки :  Хадерсфилд/Лечестер – Виган, Милтон Кејнс – Барнсли, Олдам – Евертон, Лутон – Милвол, Арсенал – Блекбурн, Мен Сити – Леидс, Мен Ју – Ридинг, Мидлзброу – Челси/Бренфорд.

Мх.П.