Откако старите советници ги отпишаа преносливите компјутери, новите ќе набавуваат нови. Одлуката за набавка на нови лаптоп компјутери е една од седумнаесетте точки кои ќе се најдат на дневен ред на четвртата седница на Советот на Општина Охрид, што ќе се одржи денеска.

На дневниот ред преовладуваат точки од финансиско – фискалната политика. Се очекува, најголем интерес да предизвикаат точките кои се однесуваат на предлог одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на општината и за финансиското работење на јавните претпријатија и установи формирани од локалната самоуправа:

1. Предлог  одлука  за усвојување на Извештајот за  остварување   на буџетот за  периодот од 01.01.-30.06. 2009 год.
2. Предлог одлука за изменување и дополнување  на Буџетот на единицата на локална самоуправа Охрид за 2009 год.
3. Предлог одлука за усвојување на Извештајот за  работењето на Одделението за даноци и комунални такси за периодот од 01.01. 2009 год. до 30.06.2009 година.
4. Предлог одлука за усвојување на Извештајот  за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови на општина Охрид за  втор квартал во 2009 год.
5. Предлог одлука за усвојување на дополнувањето на Програмата за изработка на урбанистички планови за 2009 год.
6. Предлог одлука за усвојување на Извештајот  за реализација на Програмата за заштита на животната средина  за периодот од 01.01.- 30.06.2009 год.
7. Предлог одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште за  периодот од 01.01.-30.06.2009 год.    
8. Предлог одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за јавно осветлување за  периодот од 01.01.-30.06.2009 год.    
9. Предлог одлука за усвојување на Извештајот  за реализација на Програмата за подршка на локалниот економски развој  на општина Охрид за периодот од 01.01.-30.06.2009 год.    
10. Предлог Одлука за усвојување на   Извештајот за остварените задачи од работењето на ЈП „ Охридски Комуналец “ Охрид во периодот од 01.01.2009 год. до 31.03.2009 год
 11. Предлог Одлука за усвојување на   Извештајот за остварените  задачи од работењето на ЈП „ Охридски Комуналец “ Охрид во периодот од 01.04.2009 год. до 30.06.2009 год.
12. Предлог одлука за усвојување на Извештајот  за реализација на Програмата за  потикнување на развојот на туризмот   на општина Охрид за  за  периодот од 01.01.-30.06.2009 год.   
13.Предлог Одлука за усвојување на   Извештајот за остварените задачи од работењето на ЈП „ Охридски Комуналец “ Охрид во периодот од 01.01.2009 год. до 30.06.2009 год.
14. Предлог Одлука за усвојување на  Годишниот  извештај  за работата на Јавната општинска установа  за деца – детска градинка „ Јасна Ристеска“ Охрид за учебната 2008/2009 година .
15. Предлог одлука за усвојување на  Извештајот  за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата.
16. Предлог Одлука за набавка на преносни компјутери.
17. Предлог одлука за пренесување на правото на сопственост врз движни ствари.

Ohridnews