Изјавата Груевски ја даде на почетокот од новата година при посетата на скопскиот аеродром каде во тек е реконструкција, која според претседателот на Владата се одвива согласно договорот со турски ТАВ. Паралелно со скопскиот градежни работи се одвиваат и на аеродромот во Охрид. Премиерот е оптимист дека објектите во кои ТАВ инвестира 120 милиони евра навреме ќе бидат готови, дури некои од нив и пред предвидениот рок.
На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се работи на проширување на паркинг просторот за моторни возила, а се гради и ВИП објект помеѓу административната зграда и терминалот. Модернизацијата на аеродромот во Охрид опфаќа и реконструкција на пристанишната платформа каде се паркираат авионите, како и преуредување на административната зграда.