Директни летови од Истанбул до охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, за првпат ќе воведе турската авиокомпанија Онур Аир, во соработка со турскиот тур-оператор Татилбудур, беше соопштено денеска на заедничка прес-конференција со ТАВ Аеродроми, на истанбулскиот аеродром „Ататурк“.

Летовите до Охрид, кој на турската јавност и е познат како светски туристички центар под заштита на УНЕСКО, ќе се одвиваат секоја недела, поаѓајќи од аеродормот Ататурк во Истанбул во 13:40 часот, и враќајќи се од Охрид за Истанбул во 15:00 часот. Летовите на Онур ер до Охрид, ќе бидат со авиони од типот Ербас А320.

Патниците на Онур ер, освен што ќе бидат во можност да остварат директен лет од Истанбул до Охрид, во Турција ќе имаат можност да летаат во 6 градови по пристапни цени, и тоа во: Адана, Алања-Газипаша, Анталија, Истанбул, Измир и Трабзон.

Покрај за патниците кои живеат во Македонија, билетите ќе бидат достапни и за патниците од Албанија, и можат да се купат преку веб-страницата на Онур ер www.onurair.com, преку кол-центарот на следниов број: 0850 210 66 87, како и преку овластени агенти за продажба.

Тур-операторот Tatilbudur.com почнувајќи од 1997 година до денес, нуди широк спектар на производи и услуги, во моментов преку нив достапни се тури за Охрид од 7 ноќи и 8 дена, со цени кои почнуваат од 249 евра.

OhridNews