Шест нови случаи на заболени од коронавирус се пријавени денес меѓу патниците на крузерот „Дајамонд принцес“ на кој се наоѓаат и македонски и српски државјани, а кој е закотвен крај јапонскиот град Јокохама. Со тоа, вкупниот број на заразени на бродот достигна 70.

Засега нема официјални информации од министерството за здравство или надворешни работи за здравствената состојба на тројцата македонски државјани кои се наоѓаат на крузерот. Неофицијално, ниту еден од македоснките државјани не е заразен со вирусот, но како и останатите остануваат во карантин.

Крузерот со речиси 3.700 патници, се наоѓа во двонеделен карантин на пристаништето. Крузерот ја напуштил Јокохама на 20 јануари, а се вратил на 3 февруари од кога е во карантин.

Јапонските власти решија да го стават бродот во двонеделен карантин, за да се спроведеат медицински тестови над сите патници.

 

 

OhridNews