На Клиниката за инфективни болести во Скопје во последните 24 часа се хоспитализирани нови 15 пациенти сомнителни за инфлуенца А Х1Н1, јави МИА.
Здравствената состојба на сите новопримени пациенти како што се наведува во соопштението од Министерството за здравство, е стабилна, освен кај еден пациент, кој е со потешка форма на пневмонија и е поставен на респиратор. На Клиниката во моментот се лекуваат 83 пациенти.
На инфективното одделение, пак во Воената болница се згрижени уште четири пациенти, сомнителни за инфлуенца А Х1Н1. Сите новопримени пациенти се во стабилна здравствена состојба и се лекуваат од потешка форма на пневмонија. Вкупен број на хоспитализирани овде е 21 лице со симптоми на грип.
На Клиниката за детски болести во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани 11 нови пациенти и таму во моментов болнички се лекуваат 60 пациент со симптоми на грип (на возраст од шест месеци до пет години). Сите новопримени пациенти се со полесна клиничка слика, освен четири деца, кои имаат потешка форма на пневмонија.
На Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, во изминатото деноноќие се хоспитализирани уште шест нови пациенти со полесна форма на пневмонија и таму во моментот се лекуваат 42 деца.
Традиционално и оваа година на 2 Август, ќе се одржи 47 Куп во далечинско пливање „Илинден 2026“, во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008″ од Oхрид Стартот на маратонот ќе биде од...
Шпанскиот ракометар Ориол Реј Моралес повеќе не е член на ГРК Охрид и кариерата ќе ја продолжи во полскиот шампион Висла Плоцк Иако имаше важечки договор со охридскиот клуб, трансферот беше реализи...
Филип Талески е осмото официјално засилување на ГРК Охрид за наредната сезона Македонскиот лев бек потпиша договор со ГРК за 2026/2027 со можност за продолжување за 2027/2028 Има 30 години (202 cm...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.