ЕВН Македонија дододели нови четири стипендии за студентите од Факултетот за елктротехника и информациски технологии од Скопје. Студентите со најдобар просек од насоките Енергетски системи и Обновливи извори на енергија во наредните години ќе добиваат парична поддршка од 6 000 денери, можност за практикантска работа во ЕВН и на крајот од студиите ќе добијат и понуди за работа во компанијата, ако го одржат високиот просек и ако се стекнат со потребното знаење и вештини.

„Овој настан покажува дека традицијата на стипендирање на најдобрите млади студенти од електроенергетските компании продолжува и со самото тоа покажува дека овој проект има многу позитивни ефекти. Затоа ние ќе останеме и натаму посветени да ги следиме вашите резултати и да ги цениме вашите вложувања, рече д-р Игор Гиевски член на Управниот одбор на ЕВН Македонија на свеченото доделување на стипендиите.

„Поддршката на младите и стручни кадри не е само дел од општествената одговорност на компанијата, туку тоа е и една од стратегиите на ЕВН за развој на енергетскиот сектор во земјава. Од самиот старт сме вклучени во стипендирањето на талентираните стручни кадри од Енергетските факултети. Досега 27 студенти се наши стипендисти, а веќе 8 од нив се наши колеги, кои по студиите добија понуда за работа во ЕВН Македонија. Ова значи за многу краток рок студентските клупи ги заменија со работни бироа, посочи Гиевски.

ЕВН ги отвори вратите за талентираните студенти кои посетуваат и практикантска работа, учествуваат во специјализираните програми за вработување и се дел од програмата за стипендирање.

Ова е веќе шеста година по ред како трите енергетски компании во Македонија: ЕВН, МЕПСО и ЕЛЕМ доделуваат стипендии за најталентираните студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје.

OhridNews