Времето денеска ќе биде умерено облачно со претежно умерен западен ветер. Претпладне во планинските делови на исток и особено на запад ќе има услови за краткотраен дожд. Во југозападните и јужните делови ветерот повремено ќе засилува. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 11 степени Целзиусови.

Во среда повторно ќе има врнежи кои ќе се поинтензивни на запад и потоа ќе се прошират кон север, а врнежите ќе се од снег понекаде во овие подрачја и на 1500 метри. Од ноќта кон четврток ќе има значително заладување поради што врнежите кои од ноќта ќе се прошират од запад кон исток при тоа ќе поминуваат од врнежи од дожд во врнежи од нег. Во четврток од ноќта и претпладне ќе има појава на замрзнат дожд на патиштата, а преку денот на југоистокот врнежите ќе се од дожд. Врнежи со помал интензитет се очекуваат и во петок кога ќе е најстудено и тие ќе се претежно од слаб снег, информира УХМР Македонија.

OhridNews