Вечерва охридскиот регион го зафатија нови врнежи од снег, кои ја зголемија снежната покривка. Снег има и на коловозите, кој го чистат дежурните служби на јавното комунално претпријатие.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од кашест снег. Забрани за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Крива Паланка – г. п. Деве Баир, како и на планинските премини Стража, Буково и Ѓавато, информира АМСМ.

Според прогнозата, врнежите од снег ќе продолжат и во текот на ноќта, и во текот на утрешниот ден, но со послаб интензитет.

OhridNews