И покрај дождливото време, екипите на “Паркови и зеленило” интензивно работаат на хортикултурно уредување на градот.


Нашата визија за создавање на зелени и цветни катчиња во сите делови од градот изминативе денови ја реализиравме со хортикултурно уредување на кружното сообраќајно решение на влезот во Охрид, од магистралниот пат Битола -Охрид. Засадени се околу 100 декоративни садници од сопствено производство, засадена е трева, а употребени се и други елементи за поубав визуелен изглед, велат од ЈП „Охридски комуналец“.


Во градскиот парк, во тревниот дел покрај станбените објекти, леите со сезонско цвеќе и ружи, се оградуваат со граничници, со цел подобро одржување на истите.


Од јавното претпријатие најавуваат дека следна активност ќе биде уредување на кружното сообраќајно решение при влезот во населба “Гоце Делчев” (позната како Бараки).

OhridNews

.