Дел од новинарите од Охрид и Струга ќе учествуваат на редовното Изборно собрание на Здружението на новинари на Македонија, кое ќе се одржи денеска во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје.

Инаку, поради зголемениот интерес од новинарите да учествуваат на  Изборното собрание, минатиот петок Управниот одбор на ЗНМ одлучи рокот за обновување на членството да го продолжи до 10-ти декември 2014 година, со цел точно да биде утврден бројот на редовни членови кои можат да учествуваат на собранието.

Исто така 10-ти декември беше крајнииот рок и за поднесување на кандидатурите за Претседател на ЗНМ и за членовите на Управен одбор, Надзорен одбор и за Советот на честа.

За претседател на ЗНМ може да се кандидира секој редовен член на ЗНМ кој има поддршка од најмалку 10 редовни членови. За членови на Управен одбор, Надзорен одбор може да се кандидира секој редовен член кој има поддршка од 5 редовни членови. За членови на Советот на честа кандидирањето е можно по принцип на самокандидирање со поддршка од 5 редовни члена и кандидирање по предлог од најмалку 3 редовни члена.

OhridNews