Под мотото „За достоинство на новинарите, за достоинствена професија“,Здружението на новинарите на Македонија ќе го одбележи Светскиот ден на слободата на печатот – 3 мај.

По тој повод во понеделник 4 мај на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе се одржи протест на новинарите против лошата состојба на македонското новинарство воопшто, за пресудите, за притисоците, за политичките влијанија, за платите…

Здружението на новинарите на Македонија ги повикува сите новинари и медиумски работници од Македонија оваа година најмасовно до сега да го одбележат Светскиот ден  на слободата на печатот. По тој повод на 3 мај во периодот од 11.55 до 12 часот медиумите ќе ја прекинат програмата со што ќе го најават протестот што ќе се одржи следниот ден.

Ohridnews