На прескоференцијата после натпревар Англија и Украина, селекторот на “жолтите“ Олег Блохин се впушти во конфликт со новинарите. Украина претрпе пораз во решавачкиот натпревар од Англија и се збогуваше од Европското натпреварување.

Ајде да одиме надвор и да имаме “машка“ конверзација. Дали сте играле вие некогаш ?? Вие пишувате што сакате, вие не ја сакате мојата селекција. Јас ве разбирам вие сте новинари и немате никаков респект кон мене – ова е коментарот на Олег Блохин после завршувањето на европскиот сон на Украина.

Мх.П.