Се додека не се расчисти инцидентот од 24-ти декември кога новинарите на сила беа избркани од галеријата на Собранието на Република Македонија за време на тензичната седница на која се носеше буџетот на државата, Здружениетона новинари на Македонија – ЗНМ, нема да разговара со Владата околу најавениот закон за медиуми Ова беше истакнато на редовното годишно Собрание на ЗНМ, што денеска се одржа во Скопје.


ЗНМ смета дека е потребно најпрвин анкетната комисија, која се уште не е формирана, да  се произнесе за немилите случувања, обврска која државата се обврза пред меѓународната заедница дека ќе ја заврши до 1-ви јуни. Дури потоа може да се разговара за законот за медиуми, кој, како што можеше да се слушне на собранието, е штетен како за медиумите и новинарите, така и за јавноста.

-Штом тоа биде направено ЗНМ е подготвено да седне на маса и да разговара за најавениот закон за медиуми, како и за потребата од негово донесување.-беше истакнато на собранието.

Од ЗНМ, исто така, очекуваат да биде пролонгиран рокот за јавна расправа за споментиот закон

– Имаме некои навестувања дека рокот ќе се продолжи, но очекуваме тоа да биде и официјално направено, како што ние ја известивма јавноста за нашиот став по ова прашање,
рече претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Тој изрази благодарност до членството за поддршката на раководството во однос на преговорите со владата поврзани со Законот за медиуми, особено на новинарите од внтарешноста, кои, како што рече, со масовното присуств на собранието им одржаа вистинска лекција на колегите од Скопје покажувајќи голема одговорност, свесност и солидарност за актуелната состојба во која се наоѓа професијата.

На годишното редовно Собрание на ЗНМ, на кое учествуваа и новинари од Охрид, се дебатираше за проблемите во медиумската сфера.

На собранието новинарите од внатрешноста отворено проговорија за притисоците и проблемите со кои се соочуват во работењето, а критики искажаа и новинари од национални медиуми и јавниот сервис, кој пак упатија апел до раководството на МРТВ да ги почитува професионалците и стандардите во информирањето.

OhridNews