На прес конференцијата која ќе се одржи во прес салата на дирекцијата на фестивалот Охридско лето, медиумите ќе имаат можност да им постават прашања на Жан-Ив Лавоар, директор на Францускиот Институт во Скопје, Жак Доајон, режисер и почесен гостин на фестивалот кому оваа година ќе му биде доделена наградата за животно дело, потоа со Ева Јонеско, актерка и режисерка и со актерите Абрахам Белага и Елоди Навар. На прес конференцијата ќе биде присутен и Макс Азуле, копретседател на фестивалот.
На Францускиот филмски фестивал кој беше отворен во Центарот за култура во Охрид, на 30-ти јуни со проекција на филмот „Збогување со кралицата “ во режија на Беноа Жако, ќе бидат прикажани вкупно 9 долгометражни и 12 краткометражни остварувања на француската кинематографија. Фетивалот ќе биде затворен на 5 јули со проекција на филмот „Никаквица“ од режисерот Жак Доајон.
Овој фестивал е една од најзначајните филмски манифестации и најзначајната француско-македонска културна манифестација во Македонија.