Согласно усвоениот закон на Владата,за заштита на деца се воведуваат низа новини во однос на чувањето и нега на деца.

Новини во законот е можноста домашно, правно и физичко лице да основа агенција за давање услуги, за чување и нега на деца од предучилишна возраст, со што се овозможува отварање на агенции за чување на деца и надминување на проблемот со нерегистрирани лица кои чуваат деца.

За едно лице да стекне статус на лице кое дава услуги за чување деца треба да исполнува одредени услови, да не е осудуван, да нема сторено кривично дело, да не му е одземено родителското право и да е психофизички здрав.

Со измените во законот се предвидува можноста, физички лица да вршат одредени работи од дејноста згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст како професионална дејност. Тоа може да го вршат во домот на родителите и во сопствениот дом. Чувањето на деца може да се оствари во домот на родителот или во домот на лицето кое што ја нуди услугата.

Со измените во законот, се предвидува зајакнување на инспекцискиот надзор, воведување на програма за рано учење и развој и воведување на електронско досие за секое дете.

OhridNews