Во текстот на МИА се наведува дека новиот бран овој пат зафати повеќе раководни места во Агенцијата за вработување и Центарот за социјални работи, институции што се под ингеренции на Министерството за труд и социјална политика. Промени во директорскиот кадар има и во неколку меѓуопштински центри за социјални работи и во ЕЛЕМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ изјавуваат дека промените ќе продолжат и во следните денови, а се споменуваат органите и подрачните единици во неколку министерства и институции, земјоделство, катастарот, македонски шуми итн.. Во тек се одвива и продолжениот мониторинг за повеќе десетици лица за кои финална проценка ќе се донесе во септември.