Новиот бран на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и носи нови освежувања, овој пат во неколку општини.
Според извори на МИА, новиот бран навлезе и во општините и помеѓу локалните функционери избрани или именувани од општинските власти. Освежувањата, оваа фаза, ќе зафатат шест директори на јавни комунални претпријатија, три секторски директори, четири директори на училишта, еден директор на јавна здравствена установа и еден директор на индустриска зона. Ќе биде внесена и нова енергија на местото на шест раководители на општински сектори кои покриваат определени области, кои на ниво на општина имаат улога на еден вид локални министерства.
Во оваа фаза бранот се проширува на девет општини во државата. Радовиш, Скопје, Илинден, Гевгелија, Крива Паланка, Битола, Велес, Центар и Кисела Вода се локалните самоуправи каде се очекуваат извесни пополнувања на раководните функции кои остануваат празни.
Од ВМРО-ДПМНЕ ги потврдуваат информациите на МИА и велат дека лицата кои си заминуваат од позициите го дале својот максимум во реализацијата на програмата. Додаваат дека ова се само дел од позицииите кои се зафатени со бранот и дека во идниот период ќе следуваат нови освежувања на локалните функции за кои што, врз основа на петмесечната анализа во која беа вклучени и граѓаните преку анкети, ќе одлучува партиското раководство во соработка со градоначалниците.
Банката во Битола соопштува дека работи редовно, Народната банка ги следи и ризиците од сопственичката поврзаност Власта и опозицијата со спротивставени оценки за случајот Надзорот врз АЛТА банка А...
Легендарниот хрватски пејач Мате Мишо Ковач почина денеска на 85-годишна возраст, објавија хрватските медиуми ХРТ, повикувајќи се на информации на „Слободна Далмација“, објави дека Ковач починал во...
На 30102026 во 1430 часот, во СВР Охрид лишено од слобода е 39-годишно лице од Струга кој претходно, кај месноста „Мечкина дупка“ во близина на Охрид е затекнат како запалил оган и горел гуми и пла...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.