Градоначалниците на Охрид и Струга, Никола Бакрачески и Зијадин Села, ќе се сретнат во текот на оваа недела за да го договорат изборот на новиот директор на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“.

-Како што знаете изборот директор на „Проаква“ го назнчува општина Струга на предлог на општина Охрид. За таа цел во текот на ова недела ќе се сретнам со градончалникот на Струга, изјави градончалникот на Охрид.

Локалната самоуправа претходно назначи вршители на должност директор во охридските јавни претпријатија „Комунлец“, „Градски гробишта“, „Нискоградба“, „Градски пазар“ и „Билјанини извори“.

OhridNews