Испитувањата на четиригодишното дете кое вчера беше хоспитализирано на клиниката за инфективни болести во Скопје, потврдиле дека се работи за новиот грип од типот (H1N1). Детето деновиве допатувало во Прилеп од Австралија.

Информацијата на прес конференција денеска ја соопшти министерот за здравство Бујар Османи. Тој кажа дека високосомнителен случај на пациент заразен со новиот грип А Х1Н1 е регистриран во Македонија, но и дека нема место за паника. Официјална потврда на резултатите ќе се чека  од лабораторијата во Лондон каде се испратени примероци од заразеното дете.

Ohridnews