Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денес оствари прва работна средба со ново именуваниот амбасадор на Израел во Република Македонија, Дан Орјан кој утрово ги предаде акредитивите кај претседателот Ѓорге Иванов.
На средбата меѓудругото било разговарано и за можноста да се реализира туристичка презентација на Охрид во Израел. Исто така било разговарано и за возобновување на чартер летовите од Охрид до Израел кои беа активни пред три години, кога во Охрид престојуваа бројни израелски туристи.
На работниот состанок се разгледале и можностите за соработка на Охрид со израелските градови во делот на спортскиот туризам, посебно околу климатските и инфраструктурните можности со кои располага Охридската ривиера.
OhridNews