Новиот кум на манифестацијата Водици, градоначалникот Никола Бакрачески најавува богата програма и четиридневно одбележување на големиот празник . Подготовките се во полн ек и поединостите и новините за јавноста ќе бидат познати за еден месец, вели Бакрачески.
– Се надевам дека моето прифаќање на кумството ќе даде значаен придонес во одбележувањето на празникот. Ние и како локална самоуправа ќе ја поддржиме манифестацијата, која благодарение на здружението „Богојавление“ и подршката од правните и физички лица, од година во година е се попосетена и станува препознатлива туристичка атракција која треба да биде предност за привлекување туристи и вон туристичката сезона, изјави новиот кум на манифестацијата.
Бакрачески откри дека одбележувањето ќе започне со голем концерт кој ќе се одржи во петок 17- ти јануари.
OhridNews