Центар за култура „Григор Прличев“

2020-11-10 19:00 - 2020-11-13 21:31

Од денеска  до 13 ноември, во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид за прв пат ќе се прикаже новиот македонски филм „Хомо“.

Проекциите се со почеток во 19.00 часот, цена на карта 150 денари.

Филмот трае 91 минута.

Што е тоа човек? „Хомо“ прикажува шест лица, шест состојби во луцидно поврзани епизоди проткаени со црн хумор.

Режијата е на Игор Иванов – Изи, а во филмот играт: Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Оливер Митковски, Јелена Јованова, Сашко Коцев.

Возрасна Категорија: +16

Проекциите ќе бидат организирани согласно здравствените протоколи со ограничен број на публика.

Г.М.