Новиот парк кој се уредува на крајбрежјето на Охридското Езеро, долж рекреативната патека кон Горица, во непосредна близина на дискотекатa ,,Парк”, деновивe ги доби своите први зелени дрвца.




Освен десетината садници од ниски грмушести дрвја, кои се засадени на почетокот на паркот, интензивно се работи и на израмнување на целата површина, на која според најавите ќе има трева и цвеќиња.


Од  Охридската локална самоуправа, која е иницијатор и реализатор на овој проект,  неодамна информираа дека на овој простор, кој зафаќа површина од околу 10.000 метри квадратни, освен хортикултурно уредување, предвидено е уредување на детско игралиште, неколку спортски терени, но и места за одмор на граѓаните.

OhridNews