
На претпоследната седница на Советот беше донесена одлука ЈП „Билјанини извори“ да го преземе стопанисувањето на градските улици од поширокиот централен регион, така што од 08. 01 2014 година јавното претпријатие официјално започна со стопанисувањето на улиците: „Димитар Влахов“, „Партизанска“, Новопроектирана улица (пред Тутунска банка), „Ванчо Николески“ и „Кеј Маршал Тито“ по цела должина.
-Улиците кои се преземаат ќе бидат дел од веќе воспоставената Зона Б и на нив ќе се наплаќа според постоечкиот утврден ценовник 20 денари за секој час, информираат од претпријатието.
OhridNews












