Новиот состав на владата, како што претходно најави мандатарот Зоран Заев, би можел да биде познат денеска, а гласањето во Собрание би можело да се одржи на почетокот на следната недела, јавува „Макфакс“.

Според Зијадин Села, од Алијансата на Албанците, тие ќе дадат поддршка за новата влада, без оглед дали ќе партиципираат во неа.

Засега е неизвесно како ќе се постави Беса, од каде настапуваат со свои барања.

Додека се чека составот на новата Влада, се подготвува и 22-от редовен конгрес на СДСМ, кој ќе се одржи во сабота во Скопје. Се очекуваат повеќе од 700 делегати кои ќе гласаат за лидер на партијата.

До овој момент Заев е единствениот кандидат за претседател на партијата. Можноста да се пријави и друг кандидат е отворена до утре до 11 часот и, доколку пристигне кандидатура, таа ќе биде разгледана и формално одобрена од членовите на Централниот одбор кој ќе има седница пред самиот Конгрес.

На конгресот ќе се избира и нов состав на ЦО на партијата. На актуелниот мандатот му истекува наредниот месец.

OhridNews
извор: „Макфакс“