Новите охридски извидници и официјално се приклучија кон големото светско извидничко семејство. Со давање свечена заклетва тие станаа дел од Извидничкиот езерски одред Пионер.

При симболичното давање завет, извидниците замислувајќи желба ставаат дрвца во логорскиот оган преку чиј пламен, симболично желбите се поврзуваат со универзумот.

Обврзувајќи се дека ќе работат и живеат според извидничките закони, новите членови ветија дека ќе ги почитуваат и ќе им помагаат на другите, со што стануваат извидници-скаути признати во целиот свет.

OhridNews