Годинешните кумови за Богојавление- Водици , градоначалникот Никола Бакрачески и бизнисменот Сашо Симески, денеска од Митрополитот на Дебарско- кичевската епархија г-динот Тимотеј добија благослов за кумството.
Од средбата заеднички беше порачано дека и оваа година, охриѓани и Македонската православна црква-Охридска архиепископија, ќе сторат се да се продолжи вековната традиција, а Охрид да стане центар во земјите на православието каде најмасовно и најавтентично се одбележува големиот празник Богојавление- Водици.
OhridNews