СВР Охрид  доби 11 нови полициски возила од марката „Шкода Јети“, кои веќе и се ставени на располагање на службата. Од овие возила три ќе бидат доделени на ПС во Струга, две на ПС Кичево и едно на ПС во Дебар.


-Се работи за модерни возила кои што се опремени со современа техника, неопходна за полициските службеници при извршување на обврските. Овие возила се опремени со „тетра“ систем, најсовремен систем за комуникација меѓу полициските службеници, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


Тој додаде дека новите возила се исклучително комфорни и брзи, а основна карактеристика им е економичноста, бидејќи трошат 6 литри дизел гориво на 100 километри.

Димоски истакна дека новите возила ќе го „подмладат“ полицискиот возен парк на СВР Охрид, во кој ќе останат и дел од подобро зачуваните „крајслери“.

OhridNews