Во тек е распишаниот тендер за избор на најповолен понудувач за изработка на таблиците, по што ќе започне и нивното издавање. Се очекува целокупната процедура да заврши до почетокот на 2012 по што граѓаните ќе може да ги добиваат новите регистарски таблици.
Новите таблици нема да претставуваат дополнително финансиско оптоварување на граѓаните, затоа што заменувањето на постоечките не е задолжително.
Старите регистарски таблички граѓаните ќе може да ги користат се додека се важечки, односно се додека не ги загубат или не се јави потреба тие да бидат променети. Притоа, сите оние кои ќе имаат ново возило ќе добијат нови таблички, велат од МВР.
Оттаму најавуваат дека новите таблици ќе бидат со зголемена заштита и слични со оние што се користат во земјите од Европската унија.