Двете современи санитетски возила марка „Рено“  кои на крајот на ноември, од страна на министерството за здравство му беа доделени на охридскиот Здравствен дом, од утре ќе бидат ставени во употреба.

Како што објаснува директорот Митко Дабески,  изминатите два месеца возилата не се користеле поради процедурите за преземање на сопственоста и нивното осигурување, кои во целост завршиле денес.


Вредноста на секое од возилата е околу 60.000 евра и тие се наменети за потребите на Одделението за итна медицинска помош. Располагаат со дефибрилатор, респиратор, аспиратор, систем со две боци за кислород ,три носилки за различни потреби, специјална количка, а ќе биде вграден и компјутер со навигација.

Новите амбулантни возила се  дел од проектот на министерството за здравство на Република Македонија за набавка на 80 возила за потребите на здравствените домови во земјава.

Т.К.