Од средината на овој месец се очекува да започне примената на новите, зголемени цени на такси превозот во Охрид. Од локалната самоуправа информираат дека потребно е да поминат осум дена за одлуката која беше донесена на советот да се објави во службениот гласник на општина Охрид.

По тоа, одлуката во писмена форма се очекува да му биде  испратена на Здружението на такси превозници, од каде ќе биде проследена во Скопје со цел да се изврши баждарење на таксиметрите.   Како што објаснува претседателот на Здружението, Сашо Поп Донески, за таа процедура потребни се околу седум дена, па затоа се очекува новите цени да стартуваат околу 15- ти мај.

Минатиот четрвток, на седница на совет едногласно беше донесена одлуката за поскапување на цената на такси превозот во Охрид.  Таа ќе изнесува 50 денари старт со вклучен еден километар и 30 денари од секој нареден изминат километар.

OhridNews