Владата во Шпанија донесе нов закон за теливизиските права кои нема да бидат од корист за водечките екипи во „Ла Лига“, Барселона и Реал Мадрид.
До сега овие две екипи земаа 6, 45 проценти повеќе од останатите членови на Примера, а со новиот закон ќе земаат најмногу по четири пати.
Минатата сезона од теливизиските права Реал Мадрид инкасирал 519 милиони евра, а Барселона „само“ 483 милиони што ги прави неприкосновени во Шпанија, а со новите закони шпанците сакаат да ги мотивираат другите клубови во Ла Лига.
Деветте титули од претходните шампионати завршувале во Барселона и Реал Мадрид, а последен клуб кој го прекинал „браството“ на Реал и Барса беше тимот на Валенсија сезоната 2003/04.
Мх.П.