Дилемите околу настапот на најдобриот НБА играч оваа година Дирк Новицки за репрезентацијата на Германија на ЕП во Литванија се расчистени. Новицки и официјално потврди дека ќе биде дел од тимот на панцирите. Покрај него ќе настапи уште еден НБА играч, Крис Каман од Л.А. Клиперс.


Германците ќе организираат и контролен турнир на 19 август на кој ќе настапат уште Грција, Турција и Белгија.

Новицки (33 г.) има огромна желба да настапи на Олимписките игри во Лондон 2012, а за да може тоа да го оствари Германија мора да стигне до финалето на ЕП, или барем да биде пласирана од 3-6 место кое води на дополнителен квалификациски турнир.

“Макфакс“
OHRIDNEWS