На 27 Јуни преку австралиската музичка куќа M2MR Recordings ќе биде издадена серија на rемикси од авторската композиција на Четкар ‘Don’t Make Me Wait’ ремиксана од страна на светски прочуениот диџеј и продуцент Др. Пакер (Dr. Packer) кој неодамнa објави статус за музиката на Владимир Четкар.
Ремиксите како и ре-едитите се секогаш забавни но исто така не смееме да ја заборавиме важноста на оригиналната музика.
Владимир Четкар од Македонија е оригинален колку што тоа е можно!!! Се што тој го работи е направено комплетно од него, вклучувајќи го снимањето на живи гудачки секции, клавијатури, гитари, текст и вокал додека јас додадов малку продукциска магија, вели Др. Пакер.
Ремиксот најпрво ќе биде издаден ексклузивно на музичката платформа Traxsource а за брзо потоа на сите останати музички онлајн платформи.
‘Don’t Make Me Wait’ е една од песните на најновиот студиски албум на Четкар ‘Let Us Be’ кој првенствено беше издаден од јапонската музичка куќа ‘P-Vine Records’.
OhridNews