По сензационалното елиминирање на Надал од Вимболдон, Сабине Лисицки приреди ново откако ја совлада носителката број еден Марија Шарапова со 2-0 (6-4, 6-3).

Марија Шарапова со освојувањето на Роланд Гарос важеше за голема фаворитка на најстариот гренд слем турнир. За русинката неприминлива пречка беше Лисицки која не покажа никаков респект кон женскиот рекет број еден.

Во наредната рунда Лисицки ќе се сретне со Анжелик Кербер која ја “збриша“ некогашната водечка тенисерка Ким Клајстерс со 2-0 (6-1,6-1)

Мх.П.