Ново катче за радост за најмладите во Коњско. Детското игралиште, како што информира градоначалникот Кирил Пецаков е комплетно опремено за безбедна игра.

Продолжуваме со нашата посветена работа за градење на здрави навики од најрана возраст. Поставени се соодветни детски реквизити: лулашки, клацкалки и други елементи за развој на моториката, како и ​специјална ограда која придонесува за безбедност на нашите најмлади, посочува Пецаков.

OhridNews