Дека еколошката свест на поединци е на доста ниско ниво говори новоникнатата мини-депонија на пресекот на улиците „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“, локација која е доста фрекфентна во текот на денот.


Жителите од околните индивидуални куќи велат дека на овој потег количеството отпад константно се зголемува, упатувајќи апел до надлежните соодветно да реагираат и да ги казнат оние кои сметот го расфрлаат на оваа локација.

О.Т.