Хидробиолошкиот завод Охрид потпиша Меморандум за соработка со Лабораторијата за екосистемска наука „Рубенштајн“ при Универзитетот во Вермонт.

Ова партнерство претставува важен чекор кон продлабочување на научната соработка, размената на знаења и експертиза, заедничките истражувања и развојот на нови иницијативи посветени на заштитата и одржливото управување со водните екосистеми, велат од Хидробиолошкиот завод

Веруваме дека со спојување на искуството, научниот потенцијал и визиите на двете институции, можеме да создадеме нови можности за наука, истражување, едукација и заштита на природното наследство. Заедно создаваме мостови меѓу науката, институциите и идните генерации, потенцираат.

OhridNews