Од 15 октомври ќе бидат намалени цените на 346 лекови, од кои 139 се иновативни, а 207 генерички, информираше министерот за здравство Никола Тодоров по работниот состанок со премиерот Никола Груевски.
Цените на иновативните лекови просечно ќе бидат снижени за 8,6 отсто, а генеричките за 15,2 отсто. Споредено со прометотот од овие лекови во 2011, вкупната заштеда на годишно ниво се очекува да биде 3.800.000 евра (1.000.000 евра кај иновативните и 2.800.000 евра кај генеричките лекови).
Тодоров на прес-конференција потсети дека со намалувањето на цените на 1.290 лекови во фервуари, со новото поевтинување досега се опфатени вкупно 1.636 лекови. Тие што овој месец ќе имаат пониски цени се од различни фармацевтски компании и за различни видови болести – крадиоваскуларни, респираторни, за лекување епилепсија, остеопороза, за хормони…
– Цените се работени транспарентно и очекуваме сите компании во понеделник да аплицираат согласно со Методологијата за одобрување на единствените цени. Станува збор за лекови со соодветни стандарди за квалитет, сигурност и ефикасност и, што е најважно, ќе се одржи присуството на лекови произведени од реномирани фармацевтски индустрии. Сето ова покажува дека оваа реформа која ја спроведуваме во делот на лековите во континуитет успешно се имплементира и таа ќе овозможи сериозна заштеда во здравствениот систем што ќе се почувствува од јавните здравствени установи и од граѓаните кои ги набавуваат лековите во аптеките, рече Тодоров.
Тој посочи неколку лекови кај кои ќе има драстично намалување на цените, како „Клопидогрел“ за најтешко срцевоболни и со прележан инфаркт, кој од 1.500 се снижува на 996 денари. Цената на „Аторвастатин“ за покачени масти се намалува за 70 отсто, за речиси 60 проценти ќе биде поевтин и лекот „Оланзапин“. Од 18 до 40 отсто ќе бидат намалени и цените на некои антибиотици (како „Цефтриаксон“, „Панцеф“…). Како особено значајно министерот го спомна и намалувањето на цените на поголем број цитостатици, пр. „Темодал“, кој ќе биде поевтин за 14 отсто.
Намалувањето на цените е согласно со измените на Законот за лекови и донесената Методологија за начинот на формирање на цените на лековите. Максималната цена на лекот на големо ја утврдува Агенцијата, односно Бирото за лекови двапати годишно. Следното намалување ќе биде во март 2013 година.
Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари работна средба со амбасадорката на Република Чешка во Северна Македонија, Ирена Гецова, на која се разговараше за актуелните предизвици на опш...
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, денеска оствари средба со Оливер Димоски, кој ја извршува функцијата заменик-градоначалник на општината Сент Џорџ (Georges River Council) во Сиднеј,...
Избрани најдобрите творби на конкурсот „Ветерот и капките дожд танцуваат, кралицата есен ја прославуваат“ кој го распиша Општина Охрид Oвој еко проект е во соработка со основните училишта на терито...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.