Книгата која е резултат на повеќегодишните истражувања на Гоце А. Жура, во охридско-преспанскиот и корчанско – москополскиот регион во Албанија, се состои од 8 научни прилози во кои се поместени нови важни откритија пронајдени во сакралните објекти во охридската диецеза.
Промоцијата на најновото научно дело на Гоце Ангеличин Жура, кое се објавува на македонски и англиски јазик, ќе се одржи во куќата на Христо Узунов, а промотор ќе биде Јорданка Матова, историчар на уметност.