Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, следуваат нови поскапувања на цените на нафтените деривати. Цената на бензините ќе биде повисока за 1,50 денари, а цената на дизелот за половина денар.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 87,50 ден/лит и на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 89,00 ден/лит.

Малопродажната  цена на ЕУРОДИЗЕЛ (D-Е-V ), се зголемува за 0,50 ден/лит, со што цената на  ЕУРОДИЗЕЛ (D-Е V) ќе изнесува  75,50 ден/лит.

Малопродажната  цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит и ќе се продава за 64,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,216 ден/кг и ќе изнесува  49,173 ден.

OhridNews