Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажната цена на нафтените деривати се зголемува во просек за 4,36 %.
Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе биде 63 денари, на Еуросупер БС 98 ќе изнесува 65 денари, додека дизелот ќе се продава по цена од 50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 38,50 денари, додека мазутот  ќе се продава за 24,078 денари за килограм.

OhridNews